Иран ги одби САД: Техеран нема да биде вовлечен во преговори со насилните влади
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека Техеран нема да биде вовлечен во преговори со „насилните влади“, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека испратил писмо до највисокото иранско раководство во кое повикува на разговори за нуклеарен договор.
На состанок со високи ирански претставници, Хамнеи рече дека понудата на Вашингтон за продолжување на разговорите има за цел „да ги наметне сопствените очекувања“, јавија иранските државни медиуми.
– Некои насилнички влади инсистираат на преговори да за да ги решаваат прашањата, туку за да доминираат и да ги наметнат сопствените очекувања … Овде не се работи само за иранското нуклеарно прашање. Иран сигурно нема да ги прифати нивните очекувања, рече Хамнеи.
Во делови од интервју за Фокс Бизнис објавени вчера, Трамп вели дека со Иран „може да се постапува на два начина – воено или да се направи договор“ што ќе го спречи Техеран да набави нуклеарно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…
САД потрошиле над 47 милијарди долари за…
Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…