Путин: Русија не сака војна, но ако Европа ја сака – подготвени сме
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не сака војна со европските земји, но дека, доколку Европа посака конфликт, Русија е веднаш подготвена за борба.
Путин оцени дека европските партнери поставуваат услови за можен мировен договор за Украина што Москва ги смета за „апсолутно неприфатливи“, пренесува Хина.
– Немаме намера да водиме војна со Европа, но ако Европа тоа го сака и започне, ние уште овој момент сме подготвени, изјави рускиот претседател пред новинарите, во пресрет на средбата со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во Москва.
Рускиот лидер ги обвини земјите од Европската Унија дека се обидуваат да ги поткопаат американските напори за ставање крај на војната во Украина.
– Тие немаат мировен план, тие се на страната на војната, оцени Путин
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Русија не сака војна, но ако…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Жерновски за „скандалот со тендерите“: Владата одлучи…
Сите оние кои со нереална надеж очекуваа…
Неплатена казна – забранет влез во Македонија,…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска…
Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка
Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка.…
(Видео) Нова драма, апсења и попречување во…
Попладнево е уапсен сопственикот на кравите кои…