(Видео) Нова драма, апсења и попречување во извршување должност: Државата немоќна да се справи со 500 крави и едно семејство во Крива Паланка!
Попладнево е уапсен сопственикот на кравите кои уништуваат приватен имот ширум Крива Паланка и го загрозуваат сообраќајот во околината.
Сопственикот е уапсен затоа што се заканувал по живот на повеќемина граѓани кои трпеле штета од неговиот добиток.
Неговите ќерки се обидоа да ја спречат полицијата да го уапси нивниот татко кој и самиот е поранешен полициски службеник.
Сепак ниту полицијата, ниту државата не успеа да се справи со самиот добиток кој благодарение на сопственичките беше ослободен и понатаму слободно се шета и го загрозува имотот и животите на паланчани.
Ова значи дека најгорливиот проблем за паланчани останува, а тие и натаму ќе трпат штета по своите имоти и ќе биде загрозена нивната безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…