Путин утре на средба со претседателот на ОАЕ: Главна тема нафтата?

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал-Нахјан утре ќе отпатува за Русија, каде ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, јави денеска државната новинска агенција на Емиратите ВАМ.
Оваа вест доаѓа помалку од една недела откако производителите на нафта во групата ОПЕК +, која ги вклучува ОАЕ и Русија, се договорија за нагло намалување на производството и покрај притисокот од САД, пренесува Ројтерс.
Одлуката на групата ОПЕК +, која се состои од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), предводена од Саудиска Арабија, и нејзините сојузници предводени од Русија, дополнително ги затегна односите меѓу Вашингтон и неговите традиционални сојузници во Персискиот Залив – Ријад и Абу Даби, според извори на британската агенција.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден напорно се залага за да спречи намалување на производството на нафтениот картел, надевајќи се дека ќе го замрзне растот на цените на бензинот во САД пред среднорочните избори во ноември, на кои Демократската партија на Бајден би можела да ја изгуби контролата врз Конгресот.
Во јули Бајден беше во Џеда на самитот на земјите од Персискиот залив во обид да ги подобри односите со нив, но не успеа да постигне договор за зголемување на испумпувањето на нафта, додава Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата околу 74 долари
Цените на нафтата се задржаа на меѓународните…
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…