Путин утре на средба со претседателот на ОАЕ: Главна тема нафтата?
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал-Нахјан утре ќе отпатува за Русија, каде ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, јави денеска државната новинска агенција на Емиратите ВАМ.
Оваа вест доаѓа помалку од една недела откако производителите на нафта во групата ОПЕК +, која ги вклучува ОАЕ и Русија, се договорија за нагло намалување на производството и покрај притисокот од САД, пренесува Ројтерс.
Одлуката на групата ОПЕК +, која се состои од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), предводена од Саудиска Арабија, и нејзините сојузници предводени од Русија, дополнително ги затегна односите меѓу Вашингтон и неговите традиционални сојузници во Персискиот Залив – Ријад и Абу Даби, според извори на британската агенција.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден напорно се залага за да спречи намалување на производството на нафтениот картел, надевајќи се дека ќе го замрзне растот на цените на бензинот во САД пред среднорочните избори во ноември, на кои Демократската партија на Бајден би можела да ја изгуби контролата врз Конгресот.
Во јули Бајден беше во Џеда на самитот на земјите од Персискиот залив во обид да ги подобри односите со нив, но не успеа да постигне договор за зголемување на испумпувањето на нафта, додава Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…
Цените на нафтата се намалија денеска откако…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…