Путин остро: Ќе има трагични последици ако НАТО испрати војници во Украина

t

Точно два часа и 10 минути, рускиот претседател зборуваше за рускиот поглед кон иднината, во кој повторно заѕвечка со нуклеарно оружје ако како што рече се остварат француските најави за испраќање воени трупи во Украина. Предупреди дека западот треба да знае дека Русија има оружје што може да уништи цели и на нивна територија.

-Западот предизвика конфликт во Украина, Блискиот Исток и другите региони во светот и продолжува да лаже. Сега, без никаков срам, тие велат дека Русија наводно има намера да ја нападне Европа. Јас и вие разбираме дека тие зборуваат глупости. Зборуваат за можност за испраќање НАТО контигенти во Украина. Тоа носи реална закана и можност за употреба на нуклеарно оружје, а тоа значи уништување на цивилизации. Дали тие не го разбираат тоа? , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Путин посочи дека руските стратешки нуклеарни сили на Русија се во состојба на готовност. Се пофали дека хиперсоничните ракетни систем „Циркон“ и „Кинжал“ веќе се користени во борба, а дека првите серии од балистичките ракети „Сармат“ веќе им се испорачани на трупите. Оцени дека големо мнозинство од Русите ја поддржале неговата војна во Украина.

-Борбените способности на руските вооружени сили се многукратно зголемени. Во сите правци, трупите самоуверено напредуваат и ослободуваат територии. Русија не ја започна оваа војна, но ќе направиме се за да го искорениме нацизмот и да ги решиме сите задачи од специјалната војна. , изјави Путин.

Најдолгото обраќањето на Путин досега во собранието, Русите може да го следат на големи улични екрани и во 23 кино сали во 20 градови. Неговиот говор случува две недели пред претседателските избори на кои рускиот лидер е несомнен лидер да го добие и петтиот мандат како шеф на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…