Пуштен во употреба новиот стерилизатор за медицински отпад во Дрисла

t

Во Јавното претпријатие Дрисла – Скопје е пуштен во употреба новиот Автоклав, односно стерилизатор за медицински отпад.

Како што појасни директорот на претпријатието Јане Мицевски, системот е опремен со шредер кој го дроби отпадот на мали тенки парчиња и за 80 отсто го намалува волуменот на медицинскиот отпад. Машината е дизајнирана за дробење и стерилизација на отпад како што се игли, шприцеви, завои, гази, сечила, стакло, катетри и друг отпад од работењето на клиниките, болничките центри, болници, ветеринарни болници и лаборатории.

Со новопристигнатиот стерилизатор, односно автоклав за медицински отпад кој е иновативен систем, целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет, од познатата италијанска марка ЦИСА, Дрисла станува современа депонија. Сувата вакуум пумпа, придонесува за заштеда на потрошувачка на вода за дури 98 проценти, а системот за заштеда на енергија обезбедува еколошка безбедност и не дозволува инфективниот воздух да ја загадува околината – рече Мицевски.

Машината користи еколошка технологија, која ги намалува трошоците за отстранување на медицински отпад, притоа минимизирајќи го ризикот од вкрстена контаминација бидејќи целиот процес се врши во еден сад. Мицевски информира се планира старата печка да се реновира оваа година и да служи како резервна варијанта.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, истакна дека овој тип на обработка на медицинскиот отпад е по најсовремените стандарди со кои се штитат животната средина и здравјето на граѓаните.

Дрисла конечно почнува со процесот на модернизација односно со осовременување на третирањето на медицинскиот отпад. Повеќе нема да има несоодветно, односно несовесно согорување на медицински отпад којшто досега беше третиран практично како обичен отпад. Ќе се потрудиме целосно да ги модернизираме сите процеси во рамки на ЈП Дрисла. Со оваа инвестиција, исполнети се сите стандарди кои се неопходни за третирање на медицински отпад и Дрисла официјално се трансформира во една модерна депонија која ќе продолжи да применува современи технологии за управување со отпадот, а целиот свој капацитет и потенцијал ќе биде ставен исклучиво во служба на граѓаните – нагласи градоначалничката Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…