Пченицата ќе се откупува по 12 денари за килограм
Годинашната реколта пченица ќе се откупува по 12 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на прес-конференција.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одржало серија на состаноци со потсекторската група, со претставници на земјоделски здруженија и претставници од мелничко-пекарската индустрија и е постигнат договор.
И пченицата од втора категорија ќе се откупува по цена од 12 денари, затоа што квалитетот на годинашната реколта, како што рече Трипуновски, бил одличен.
„Она што сакам да ги информирам земјоделците и сите оние кои ќе имаат наредниот период предавање на пченица од реколтата 2025 година – согласно приносот и квалитетот оваа година – мелничарите ќе ја откупуваат пченицата од прва и втора категорија во прва категорија, затоа што квалитетот, како што потенцирав, е одличен. Откупната нето цена за пченицата ќе биде 12 денари, плус дополнителните трошоци кои следуваат”, појасни министерот Трипуновски.
Тој порача дека тенденцијата на Министерството е да се стигне до нивото на производство кое ќе ги задоволи домашните потреби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пченицата ќе се откупува по 12 денари…
Годинашната реколта пченица ќе се откупува по…
Бавно тече откупот на тутунот, потребни се…
Од почетокот на откупната кампања се преземени…
Хакерите бараат откуп од 20.000 биткоини да…
Откуп од 20.000 биткоини бараат хакерите за…
Имаме па ќе даваме на други: Укината…
Владата на денешната 87. седница донесе одлука…
Цената на пченицата трипати пониска од брашното…
И кога нема доволно, откупната цената на…