Цената на пченицата трипати пониска од брашното – „Можеме да извезуваме, но нема стратегија”

t

И кога нема доволно, откупната цената на пченицата е помала од производната. Па така, ако производната е 25 денари, откупната е 17 денари. Покачувањето за разлика од лани на производителите ништо не им значи, бидејќи не можат да си ги покријат трошоците кои значително се зголемени. Ако на ова додадеме дека и цената на брашното е трипати поголема од цената на пченицата, излегува дека сите добиваат само производителите и потрошувачите губат. 110% е разликата во цената од жито до брашно -објаснува Мемет Синани од Камењане.

„Пченицата е стратешки производ заштитен со закон. Тоа значи законот вели да се покријат материјалните трошоци за производство плус 25% заработка за производителот. Вината ја имаат Министерството за земјоделство и државата. И покрај тоа што е стратешки производ законот не се почитува.“, рече Синани.

Мемет произведува пченица од кога знае за себе, но вели постои опасност од изумирање на ова гранка ако не се покачи цената. Очекува дека ќе бидеме од 90% до 100% увозно зависни.

„Кога за еден земјоделски призвод почнува да се зборува пречесто дали земјоделците, било во Министретсво или медиуми да знаете дека тој производ пропаѓа и се губи.Имавме случај со памукот, шеќерната репка до 2001 па почнаа состаноци во Министерство, телевизии јас бев производител. И сега почнува со пченицата. Жал ми е да го кажам, но одиме на тоа ако нема цена ќе биде изгубена од македонското тло.“, вели Синани.

Има ли капацитет земјава да ги задоволи потребите од пченица? Мемет вели дека државата нема стратегија. Субвенциите не се даваат кога има потреба од заштита на земјоделските призводи, туку во февруари. Вода има, ама на нива не стига.

„Ние имаме земја, ние имаме вода, сите ресурси кои ние се потребни вода, клима, но немаме организација од страна на државата. Системите во Македонија, зборувам и за источна Македонија, Кавадарци сите се расипани“, рече Синани и додава:

„За било кој производ во Македонија нема потреба да биде увозно зависна, освен оние за кои нема клима. Меѓутоа за пченица гарантирам дека Македонија може да има и за извоз“, вели Синани.

Предлог на Федерација на фармери имало да има договорна цена дефинирана уште пред производство, но никогаш не се случило. Па земјоделците произведуваат , а не знаат за колку пари произведуваат пченица.

И покрај тоа што важиме за земјоделска земја, државта годишно увезуваме 100 000 тони пченица и 33 000 тони брашно, најмногу од Србија. На берзите во светот цената на пченицата е зголемена за 30%.

Извор: TV 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…