Радев: Влез на Бугарите во македонскиот Устав е завет на Илинденците
По повод 120-годишнината од Илинденско востание, бугарскиот претседател Румен Радев одржа говор во кој рече дека „Илинденско-Преображенското востание е најмасовниот израз на волјата за слобода на бугарскиот народ“.
-Ова востание се пренесе далеку во времето, бидејќи неговите резултати далекусежно ги надминаа неговите непосредни политички и воени цели. Илинденско-Преображенското востание“ зазема значајно место во односите со Република Македонија и во зближувањето врз основа на „историската вистина“, рече Радев додавајќи дека востанието го најавиле „камбаните на бугарските цркви“.
Тој додаде дека гаранцијата за уставна еднаквост ќе ги исполни заветите на Илинденците од 1903 година и нивниот завет за еднаквост и правда.
-Граѓаните и на Бугарија и на Р.Македонија им се поклонуваат на овие завети и на идеалите пред востанието, рече Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
110 години од почетокот на Тиквешкото востание:…
На денешен ден, 19 јуни, во 1913…
Радев денеска има разговор во „четири очи“…
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…
ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…
Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…
Дали Петков ќе ја посети или не…
По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…
Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…
Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…