Радев го изнервира Ковачевски: За влез во ЕУ преговараме со Брисел, не со Бугарија!

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека „вето нема да има, бидејќи преговорите веќе ги почнавме“, одговарајќи на новинарско прашање за коментар по изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека сме во состојба на вето за Македонија и дека ќе побара мониторинг за правата на Бугарите во земјава.

Ковачевски потсети дека Македонија веќе го почна скринингот со ЕУ и дека сме во поодмината фаза, а досега сѐ се одвива непречено.

– Еден од тие патокази е правата на малцинствата, односно на етничките заедници кои не се дел од најголемата заедница во земјата. Очекувам дека ќе го исполниме на највисоко врвно ниво, бидејќи во споредба со која било земја во Европа правата на етничките заедници кај нас се на највисоко ниво. Имаме институции и закони и тоа се однесува на сите заедници, рече Ковачевски.

Според него, барањето на кој било политичар во тој дел за нас не е никаков проблем бидејќи правата кои ги имаат сите поединци и групи во оваа држава се на многу повисоко ниво,

– Бугарија не би ја коментирал, тие се во избори и секој дава изјави за да собере некој глас. Кога ќе завршат изборите ќе разговориме се владата што ќе ја изберат. Но, со Бугарија не преговараме за влез во ЕУ, преговараме со Брисел, додаде Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…