Објавено на:

Радев на средба со Вархеји: Отворени за дијалог ама мора да се почитуваат правата на Бугарите во Македонија

t

Процесот на европска интеграција на Република Македонија мора да биде одржлив и да се надоврзува на нејзините достигнувања во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија. Ова го истакнал претседателот на Бугарија, Румен Радев на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, кој е во посета на Бугарија.

Шефот на бугарската држава го искажал ставот на неговата земја „која очекува резултати во билатералниот дијалог со Македонија, вклучително и обезбедување уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари и вистински дејствија за искоренување на говорот на омраза, зачувување на вековната бугарска култура и историја, како и имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“.

„Бугарија е отворена за дијалог со Република Македонија и со европските институции и партнери во потрагата по одржливи решенија“, рекол Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Радев денеска има разговор во „четири очи“…

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…

ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…

Дали Петков ќе ја посети или не…

По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…

Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…