Објавено на:

Радев патува во посета на Германија, ќе се сретне со германскиот колега

t

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска заминува во посета на Сојузна Република Германија на покана на неговиот домаќин, претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во понеделник, претседателот Радев во палатата „Белви” во Берлин ќе оствари „тет-а-тет” средба со својот германски колега.

По средбата ќе разговара со германскиот канцелар Олаф Шолц и со градоначалничката на Берлин, Франциска Гифаи.

Се очекува разговорите да бидат фокусирани на билатералните односи, продлабочувањето на економската и инвестициската соработка, како и на темите од агендата на Европската унија, диверзификацијата на снабдувањето со енергија и зајакнувањето на безбедноста на Европа во контекст на војната во Украина.

Радев ќе учествува и на Германско-бугарскиот бизнис форум во организација на Германската индустриска и трговска комора што ќе се одржи во Домот на германската индустрија во Берлин.

Шефот на бугарската држава на 17 мај во Хамбург ќе се сретне со премиерот на покраината Хамбург и со градоначалникот Петер Ченчер. Ќе има средба и со раководството на Стопанската комора во Хамбург, а ќе ја посети и компанијата „Аурубис АГ”, која развива активна економска дејност во Бугарија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев денеска има разговор во „четири очи“…

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…

ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…

Дали Петков ќе ја посети или не…

По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…

Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…