Радев повика Бугарите масовно да излезат на гласање

t

Најважно е денеска да се гласа. Сите сакаме да се стави крај на овој исцрпувачки маратон на континуирани избори, но да имаме одржлив и остварлив парламент, да имаме не само редовна, туку ефективна влада која ќе носи храбри одлуки и ќе ја води земјата кон реализација на национално значајни цели. Важно е овие две институции – парламентот и владата – да имаат соодветен легитимитет, а сите знаеме дека тоа произлегува од масовното и солидно учество на граѓаните на изборите. Значи мојот апел до Бугарите е да гласаат.

Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој гласаше во Стручното транспортно училиште „Мекгахан“ во Софија, јави БГНЕС.

Остануваат уште пет часа до крајот на изборите, така што ова не е кратко време, апелирам сите да ги најдат овие неколку минути и да излезат да гласаат, рече Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев денеска има разговор во „четири очи“…

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…

ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…

Дали Петков ќе ја посети или не…

По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…

Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…