Радев пресече: Нема да дозволам да ја вовлечат Бугарија во конфликтот со Украина!
Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина, беше одговорот на бугарскиот претседател Румен Радев на новинарската констатација дека само Унгарија и Бугарија не дале оружје за Украина.
Како шеф на државата нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во овој конфликт. Бев избран за да ја бранам безбедноста на Бугарите и мирот во Бугарија. Цената на војната ја плаќаат граѓаните, а не телевизиските проповедници, рече Радев, пренесува БГНЕС.
Бугарскиот претседател ја коментираше и одлуката на ЕУ заеднички да купува гас од трети земји, вклучително и Русија.
Ова прашање беше покренато како предлог од Шпанија минатото лето, но војната дефинитивно ќе ја принуди ЕУ да дејствува многу посолидарно. И ако тоа се случи, тоа ќе биде успех и за бугарската влада, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Словенија испраќа војници во Бугарија со цел…
Словенечки војници ќе бидат испратени во Бугарија,…