Радев ѝ честита на Шекеринска за назначувањето во НАТО

„Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното именување на одговорната функција заменик-генерален секретар на НАТО и очекувам со својата работа да придонесе за зајакнување на колективната одбрана и безбедност на алијансата“, напиша бугарскиот претседател Румен Радев на социјалната мрежа Х, пренесува „БНТ“.
Поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска стана нов заменик-генерален секретар на НАТО.
Поранешниот холандски премиер Марк Руте ја презеде функцијата генерален секретар во октомври, а бугарската политичарка Марија Габриел исто така беше во трка за негов заменик. Уште тогаш излегоа неофицијални информации дека за позицијата ќе се бира меѓу неа и Шекеринска.
Шекеринска, која беше вицепремиерка, а подоцна и министерка за одбрана на Северна Македонија од 2017 до 2022 година, го надгледуваше пристапувањето на земјата во НАТО во 2020 година.
Таа ќе го замени вршителот на должноста заменик-генерален секретар на НАТО, Борис Руге, кој ја презеде функцијата на привремена основа откако тогашниот заменик-генерален секретар Мирчеа Јоана објави дека ќе се кандидира за претседател на Романија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев денеска има разговор во „четири очи“…
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…
ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…
Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…
Дали Петков ќе ја посети или не…
По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…
Тупанчевски нов министер за правда, Шекеринска заминува…
Две актуелни пратенички и една поранешна ќе…
Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…
Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…