Раде Штекли се пожалил на здравствени проблеми во „Шутка“, го однеле на прегледи
Осомничениот Раде Трајковски-Штекли се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“ во Шутка, поради што денеска бил однесен на контроли во Клиничкиот центар, објави „Скопје1“.
Не се знае на што точно се пожалил Штекли, но испитувања му биле правени на Клиниката за неврологија, по што бил вратен во затворот, пишува порталот.
Трајковски веќе четири месеци е во притвор како осомничен за трговија со дрога. Освен него, под истрага беа уште 14 лица за кои медимумите пишуваа дека се дел од неговата банда.
Кога беа уапсени, Обвинителството соопшти дека се правеле претреси на 21 локација во Скопје и Гевгелија. Одземени беа речиси 10.000 евра, четири возила, 12 мобилни телефони, пиштол, како и предмети за производство и пакување на дрога.
Штекли преживеа два обида за ликвидација во изминатите години, обата во трговскиот центар „Ист гејт“, за потоа, во неговиот дом да биде фрлена бомба
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР го објави напаѓачот од Ист Гејт:…
МВР објави фотографија од напаѓачот, кој денеска…