МВР го објави напаѓачот од Ист Гејт: Ако некој го види или знае нешто за него да пријави

t

МВР објави фотографија од напаѓачот, кој денеска пукаше во две лица во Ист Гејт и ги повикува сите граѓани доколку го забележат или имаат некаква информација за ова лице, веднаш да пријават во полиција.

„Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан.

Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112“ соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за трагедијата во Стајковци:…

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било…

Никогаш да не се заборави – Бојмацалиев…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…

МВР: Од 8 до 19 часот денеска…

Од 8 до 19 часот денеска ќе…

МВР регистрираше агитирање и нерегуларности за време…

За време на предизборниот молк регистрирани се…

Бојмацалиев: Успеавме МВР да биде МВР за…

Изминатите седум години на Министерството за внатрешни…