Објавено на:

Радивој Јововиќ, водач на блокадите во Нови Сад, пуштен во домашен притвор

t

Покраинскиот пратеник, професор Радивоје Јововиќ од Движењето на слободни граѓани, е ослободен од затвор и ставен во домашен притвор, соопштуваат српските медиуми

– Ова не е крај, борбата продолжува сè додека сите уапсени не бидат ослободени. Се гледаме во петок на протестот за сите уапсени, соопштија од Движењето на Слободни граѓани на Србија.

Жељко Кочиќ, адвокатот на Јововиќ, во петокот поднесе жалба до Основниот суд за да го пушти да се брани од слобода.

– Во жалбата, исто така, наведовме дека нема основано сомнение дека тој сторил некое од делата за кои е обвинет. Дека постојат видео снимки кои јасно ги покажуваат дејствијата на Јововиќ. Тој е обвинет за дело спречување на службено лице во вршење на службена должност и напад врз службено лице. Бидејќи нема основано сомнение, а снимките исто така го покажуваат ова, не може да има притвор – рече адвокатот.

За потсетување, на Јововиќ му е одреден притвор до 30 дена во затворот Клиса, додека на активистката на ДСГ, Исидора Челекетиќ, ѝ е одреден куќен притвор до три месеци.

Полицијата го приведе Јововиќ во вторник, 19 август, за време на блокадата на Судот во Нови Сад, кога се обиде да помине низ четвртиот влез во зградата на Судот. Неколку часа подоцна, беше приведена и неговата девојка Исидора Челекетиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радивој Јововиќ, водач на блокадите во Нови…

Покраинскиот пратеник, професор Радивоје Јововиќ од Движењето…

Зеленски: Русија продолжува со војната, ги игнорира…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија…

Филипче: Економската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ…

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ Д-р,…

Велешанец со комбе прегазил 69-годишна Битолчанка –…

Возач на комбе вчера во Битола прегазил…

ДЗР: Македонија не е подготвена за климатските…

Државата не е системски подготвена да се…