Уапсен e Радивој Јововиќ, водач на блокадите во Нови Сад
Радивој Јововиќ, еден од најистакнатите водачи на групите што во последните денови блокираа институции и патишта во Србија, беше уапсен утрово во Нови Сад, потврдија извори од истрагата.
Јововиќ е познат на јавноста по бројните инциденти на протестите, каде што постојано беше сниман како навредува и физички напаѓа полицајци, водејќи рации на згради и блокади на судови, како и по неговото учество во палењето на партиски простории.
Дополнително, Јововиќ предизвика контроверзии во јавноста со своите јавни настапи и текстови во кои, заедно со Ненад Грухоњиќ, ги застапуваше идеите за „автономија“ и „независност“ на одредени делови од Србија, вклучувајќи ги Војводина и Санџак. Во неколку наврати, тој ги етикетираше Србите на социјалните мрежи како „геноциден народ“, осврнувајќи се на настаните во Сребреница.
Неговото име е поврзано и со радикални движења што се залагаа за распарчување на Србија и ширење на наративи што длабоко ги навредуваат жртвите и државата.
Јововиќ е приведен по наредба на обвинителството, а како што е најавено, против него ќе биде покрената постапка за неколку кривични дела поврзани со насилно однесување, загрозување на безбедноста и поттикнување омраза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Свињарството покажува дека македонското земјоделство може…
Бојан Ѓорѓиевски, претседател на здружението на производители…
Иван Пешевски: Работниот час е колку за…
Еден работен час на минимална плата во…
Филипче потврди: Битиќи ќе биде потпретседател на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче потврди дека…
Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…