Радовишани ем плаќаат, ем немаат струја – исто како во Слупчане
Подолг период жителите на Радовиш се соочуваат со проблеми со снабдувањето на електрична енергија, секојдневно снемува струја во интервали од по четири до пет часа, се жалат радовишани.
Тие велат дека од 24 часа во денот, Радоциш 10 часа е без струја, што веќе почнало да предизвикува проблеми кај електричните уреди кои почнале да се расипуваат поради честите прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Дополнително, читател на Инфомакс вели дека проблем имаат и компаниите, но и лицата кои работат онлајн за странски компании, бидејќи неколку денови по ред не можат да си ги завршат работните обврски, а работодавачите не веруваат дека проблемот со струјата не е решен по поминат толкав временски период, што би значело дека овие лица ќе се соочат со минуси на нивните плати, а можеби и со откази.
Од ЕВН во изјава за Инфомакс велат дека постои проблем со далеководот, а кипите на ЕВН се на терен и работат на брзо санирање на проблемот.
– Во наш интерес е корисниците побрзо да добијат непречено снабдување со електрична енергија. Екипите работат на терен. Нема временска рамка кога би се решил проблемот велат од ЕВН.
Оттаму известуваат дека за настанатите материјални штети, расипани уреди и слично, корисниците ќе треба да се обратат во корисничкиот центар, по што екипа ќе излезе на терен и доколку се констатира дека причината за дефектот е прекинот на електрична енергија, истите ќе бидат обесштетени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…
Дете во детска градинка во Радовиш се…
Вчера во 11.00 часот во ОВР Радовиш,…
ЕВН повеќе не смее да издава паушални…
Инженери на Македонија соопшти дека со влегувањето…
Жељазков: Евтината енергија е услов за подобар…
Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков присуствуваше на…
ВООРУЖЕН КАКО РАМБО ШЕТАЛ НИЗ РАДОВИШ Маж…
49-годишниот А.У. е задржан во Полициската станица…