Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица

t

Криминалната група за трговија со оружје која делуваше на Косово и Албанија е разбиена по девет месеци истрага на Специјалното обвинителство на Косово со Обвинителството на Основниот суд од општа надлежност во Тирана и при тоа се уапсени 14 лица, соопшти денеска Специјалното обвинителство.

„Специјалното обвинителство на Косово во врска со овој случај ја информира јавноста дека во април годинава добило информација во врска со сомнение дека одредени државјани на Косово и Албанија се занимаваат со увоз, извоз, снабдување, транспорт, посредување и неовластено продажба на оружје или експлозивни материјали по добивањето на таа информација ја овластила косовската полиција да преземе истражни дејствија, заради прибирање докази“, се наведува во соопштението.

Во акцијата спроведена во Косово и Албанија се уапсени вкупно 14 лица. На Косово се уапсени и приведени осум осомничени, од кои шест се од Косово, двајца се државјани на Албанија, а уште шестмина се уапсени во Албанија.

Како што е соопштено, на 10 декември косовската полиција извршила проверка на девет објекти на осомничените и пронајде и заплени 29 пиштоли, три долги пиштоли од различни модели, 2.635 куршуми од различни модели, две возила и друга опрема.

На Косово се уапсени В.О., К.К., С.Х., Ш.Ј., А.Х., З.А., А.Д. и Б.А.

Во меѓувреме, на 11 декември, под раководство на Обвинителството на Основниот суд во Тирана, е спроведена акција за извршување на налози за апсење на шест лица и проверка на нивните станови. При таа акција се уапсени шест лица за кривично дело трговија со оружје и муниција сторено во соработка. Уапсени се Е.М., Е.П. А.М Ѓ.Љ. К.М. и Т.Ш.

Запленети се 22 парчиња огнено оружје „Зораки“, едно огнено оружје Ак 47, офанзивна рачна бомба и 470 куршуми од разни видови. Одземени се и три возила, значителна сума пари и 10 мобилни уреди.

Од спроведените истраги, документирани се случаи на продажба на огнено оружје, главно пиштоли „Зораки“, кои од Косово биле пренесени во Албанија.

Истрагите се поддржани од ЕУРОПОЛ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена криминална група која тргувала со оружје…

Криминалната група за трговија со оружје која…

Силен земјотрес го стресе Косово

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

Македонија и Албанија ќе се поврзат со…

Албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Бељинда…

Ховениер: Беше чест да се биде амбасадор…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, му го…

Курти: Во Србија има повеќе Албанци, отколку…

Курти во интервју за ТВ Хајат изјави…