Разбојничка кражба во Скопје: Со цигла скршил прозорец и украл 1.500 евра

t

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик.

На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски” влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари и се обидел да го напушти местото.

Сопственикот на куќата го забележал и сакал да го спречи, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките во дворот и избегал.

Притвор е побаран поради опасноста од бегство, можност за влијание врз сведоците и оштетениот, како и ризикот осомничениот да го повторува делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбојничка кражба во Скопје: Со цигла скршил…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Мини „водна фонтана“ меѓу зградите предизвика поплава…

Денеска во строгиот Центар на Скопје, во…

Мециновиќ: На парламентарните избори Левица ќе претендира…

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што…

Поддржувачи на Орце Ѓорѓиевски веќе слават кај…

Симпатизери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва се собираат…

Откриена голема кражба на струја во центарот…

При техничка контрола во станбена зграда која…