Разоткриена голема педофилска мрежа „KidFlix“ со два милиони корисници, уапсени 79 луѓе

Во меѓународна операција, во која учествувале истражители од повеќе од 30 земји, разбиена е огромна мрежа на педофили со речиси 2 милиони корисници ширум светот, објави Европол.
На платформата наречена „KidFlix“, која е активна од 2022 година, биле пронајдени околу 91.000 видеа од експлицитна злоупотреба на деца.
Пристапот до мрежата бил возможен по регистрацијата и плаќањето со криптовалути.
Во досега најголемата акција против сексуална злоупотреба на деца во Европа, уапсени се 79 луѓе, од кои некои не се осомничени само за гледање или преземање видеа, туку и за активна злоупотреба.
Во светот се идентификувани околу 1.400 осомничени.
Маж осомничен за детска порнографија беше уапсен пред неколку дена и во Хрватска. Како што пишува Индекс, неговото апсење било дел од оваа акција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разоткриена голема педофилска мрежа „KidFlix“ со два…
Во меѓународна операција, во која учествувале истражители…
Падна голема криминална групa вмешана во трговија…
Во неколку европски градови се уапсени 30…
Акција на Европол: Запленети шест тони кокаин,…
Шпанската цивилна гарда, со поддршка на Европол,…
Политико: Истрага во Европол!
Обвинителите на Европската унија го истражуваат Европол,…
Европол разби руско-евроазиски синџир за перење пари…
Претресени се околу 100 згради, а четири…