Рамајана повеќе пати се обидела да го пријави насилникот кој ја уби – Полицајците ѝ велеле „ќе се смирите“?!
„Првиот осомничен, при вршење на семејно насилство во домот во Шуто Оризари, ја лишал од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Делото го извршил во присуство на 5-годишната ќерка. На жртвата и нанел повреди и убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои таа починала на лице место“, стои во соопштението од Обвинителството за убиството во Шуто Оризари.
Оружјето со кое била убиена Рамајана е пронајдено, заедно со крвавата облека што убиецот се обидел да ја сокрие. Доказите ќе бидат предмет на вештачење. Во обидот да побегне од земјава, му помогнало и друго лице-му дало нова облека и го превезло до Табановце, од каде што планирал бегство. Но, полицијата го спречила.
Обвинителството сега бара притвор и за убиецот и за оној што му помогнал да избега.
Насилникот ѝ бил познат на полицијата, бидејќи ја тепал и неговата претходна сопруга, сведочи Фатима Османовска. Убиената Рамајана повеќе пати го пријавувала во полиција, вели Османовска, но оттаму си заминувала само со утешни зборови од полициските службеници дека ќе се смири со сопругот, системот кој требал да ја спаси-потфрлил.
„Во неколку наврати се имам јас лично јавено во полиција за да реагирам, меѓутоа ја бараа жртвата сама да пријави, сведок сум последно дека во јануари пријавила заедно со нејзиниот татко. Тој е сведок колку пати пријавила, колку пати неуспешно пријавила, за жал пред полиција. Одговорот на полицијата во сите овие наврати е дека ќе се смират, секогаш одговорот на полицијата бил “Повторно ли вие? Ќе се смирите.”Тој одговор е неприфатлив ”, вели Османовска за Сител телевизија.
И адвокатот Срѓан Амет тврди дека убиената Рамајана континуирано го пријавувала нејзиниот партнер во полиција дека ја тепа.
Од ОЈО велат дека до ОЈО и МВР нема ниту една пријава од наведената жртва за насилникот.
– Во обвинителство нема ниту една пријава од страна на наведената жртва. МВР исто така до нас извести дека од жртвата немаат добиено ниту една претходна пријава ниту поплака за семејно насилство од сторителот. За подетални информации за постапки по полициски станици во МВР, соопштија од ОЈО Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Градоначалниче, праќате празни пораки, насилството во Битола…
*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…
Обвинение за бруталното убиство во Кавадарци: Ја…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
Браќа-насилници со тврд предмет тепале девојка во…
22-годишна девојка од Скопје вчеравечер пријавила во…
Насилник ја нападнал сопругата од која се…
Жена од скопската населба Кисела Вода вчера…