Рама: Албанија користи вештачка интелигенција за да го подобри преговарачкиот процес со ЕУ

t

Албанскиот премиер Еди Рама на панелот „Дијалог за дигитална иднина“, пред дебатата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, рече дека Албанија на најдобар можен начин ја користи дигиталната трансформација, нагласувајќи дека земјата ги користи предностите на моделот на вештачка интелигенција за подобрување на процесот на преговори за членство во Европската унија.
Рама изјави дека во Албанија 95 отсто од услугите се достапни онлајн.

„Дигиталната технологија со нејзиното ветување за експоненцијален напредок е благодет за земјите во развој. Ние во Албанија го видовме тоа во реалниот живот и со релевантни напори станавме земја каде што 95 отсто од услугите се нудат на интернет денес и каде што има шалтери и долги редици сега е минато Од друга страна, ги користиме предностите на моделот на вештачка интелигенција за брзо да ги унапредиме преговорите за членство во Европската унија“, рече Рама.

Сепак, тој забележува дека дигиталната технологија не е само благослов, туку и проклетство кога се во прашање сајбер нападите.

„Албанија е жртва на жесток сајбер напад од Иран. Во реалноста, доживеавме колку овој нов свет заснован на технологија може да предизвика штета на државите и граѓаните. Но, нема сомнеж дека ќе успееме да создадеме систем во кој светот и заедницата на нации ќе можат да ги користат дигиталните технологии на најдобар начин и, во исто време, да ги ограничат сите штетни ефекти што можат да произлезат од нивните злоупотреби, така што овој свет би бил многу подобро место“. изјави Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Албанија користи вештачка интелигенција за да…

Албанскиот премиер Еди Рама на панелот „Дијалог…

Гостинката од Албанија со цела листа на…

Гостинката од Албанија дојде со цела листа…

Мицкоски следниот месец ќе се сретне со…

Првиот вицепремиер Изет Меџити, изјави дека за…

Вархеји: Местото на Србија е во ЕУ

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави…

Фон дер Лајен потврди: 160 милиони евра…

Европската комисија ќе и додели дополнителна поддршка…