Рама: Во Албанија е пронајдено големо количество висококвалитетен гас и нафта
Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека во планината Шпираг кај Берат е пронајдено големо количество висококвалитетен гас и нафта.
Тој на социјалните мрежи напиша дека по речиси десет години работа и достигнување на длабочина од 6002 метри, веќе се подготвува конечниот тест за стабилноста на подземниот притисок за извлекување нафта и гас на површината, што доколку се покаже дека е успешна според премиерот, ќе „влијае на иднината на земјата и на енергетската иднина на Европа“.
„Од посетата на местото на големата надеж за Албанија 2030, каде по титанска работа од речиси десет години и достигнување на 6002 метри длабоко во земјата, допрена е голема резерва на гас и нафта со највисок квалитет. Во меѓувреме, за негово извлекување се подготвува решавачкиот тест за стабилноста на подземниот притисок, кој во случај на успех ќе значи историски скок во економскиот живот на државата. Ви посакувам убав ден“, напиша албанскиот премиер.
Рама објавува и видео од посетата на местото каде што испитувања врши холандската компанијата „Шел“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст…
Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст,…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Цената на нафтата порасна по израелскиот напад…
Цената на суровата нафта во светот порасна…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…