Рама го даваме, Митровица не ја даваме: Протест во Тирана за поддршка на уапсените косовски специјалци во Србија
Различни граѓани и граѓански активисти протестираа во петок, на 16 јуни, пред кабинетот на премиерот на Албанија за поддршка на Косово, пренесува Албаниан пост.
Мотото на протестот свикан во 19 часот беше: „Вчера, денес, утре, засекогаш заедно!“.
Како што наведуваат медиумите, протестот нема организатори, но е дистрибуиран преку повици на социјалните мрежи.
Некои граѓани тврдеа дека протестот се одржува пред кабинетот на премиерот затоа што тврдат дека албанската влада треба да остане прокосовска позиција.
Многу пораки беа упатени до премиерот Еди Рама. „Еди Рама е срам за нацијата“, „Рама го даваме, Митровица не ја даваме“, беа дел од нив.
„Бараме Албанците да бидат добро каде и да живеат, како на пример во Косово, Македонија. Состојбата на север нè погоди, на Албанците таму не им е добро. Сакаме државата да заземе став за поддршка на Албанците од Косово“, изјави еден од демонстрантите пред медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…