Рама: ЕУ е голем благослов за Албанија

t

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва изјави дека Европската унија, чии претставници денеска се во Тирана на Самитот на Берлинскиот процес, е „благослов за Албанија“, пренесе ТВ1.
Рама посочи дека Албанија била неправедно изолирана со векови и додаде дека за прв пат откако имала можност да организира слободни избори, одлучила да се приклучи на Европската унија.

Тој изјави дека ЕУ секогаш покрај себе ќе ја има Албанија.

„ЕУ е голем благослов за сите нас затоа што ни одржа лекција како да градиме институции. Нашето минато беше дефинирано со многу зла кои беа резултат на недостаток на институции, дури и кога се градеа некои институции, тие беа изградени намерно.Не можеш да изградиш демократски институции ако ја немаш ЕУ да те научи како да го правиш тоа.Знаењето е подарок што ни го дава ЕУ,па ние знаеме како да го направиме тоа.Но понекогаш врескаме и има моменти кога сакаме да се откажеме затоа што боли но тоа е единствениот начин.Со векови бевме изолирани и немавме шанса да избереме.Првиот пат имавме слободен избор тоа беше ЕУ.Секогаш си со нас и никогаш нема да престанеме да те сакаме“, рече Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Во Албанија е идентификуван првиот случај на…

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…