Рама: Косово да се консултира со сојузниците за одлуката за укинување на динарот

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше во врска со одлуката на Централната банка на Косово да ја отстрани од пазарот српската валута динар, пренесуваат албанските медиуми.
Рама побарал од Косово да се координира со сојузниците, кои побараа суспензија на оваа мерка, бидејќи според нив, таа може да поттикне нови тензии на Косово.
Како што навел премиерот на Албанија, по настанот во Бањска, Косово има примарна должност да ја задржи својата рамнотежа.
„Додека сите се согласуваме дека косовската влада треба да се ангажира, координира и поблиску да соработува со нејзините клучни сојузници, да не заборавиме и на неотуѓивото право на Косово да го спроведува сопствениот устав. После Бањска, од суштинско значење е да се задржи фокусот и чувството на рамнотежа“, истакнал Рама.
Централната банка на Косово на први февруари одлучи да стапи во сила забраната за српскиот динар за плаќања на српската заедница во Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белгија планира да испрати затвореници во Косово
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…
Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во…
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според…
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Кос: Албанија е остров на стабилност на…
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…