Рама нема да присуствува на Самитот за проширување на Европската Унија во Брисел
Албанскиот премиер Еди Рама нема да присуствува на Самитот за проширување на Европската Унија што се одржува попладнево во Брисел.
Иако кабинетот на премиерот претходно го најави неговото патување во Брисел, според „Еуроњуз Албанија“, Рама го откажал своето учество. Според Кљан Косова, Рама требало да разговара, заедно со премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ и премиерот на Македонија Христијан Мицкоски, за напредокот на земјите-кандидатки и предизвиците на процесот на европска интеграција.
Самитот ги собира лидерите на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за иднината на процесот на европска интеграција. Албанија сè уште се смета за една од земјите што најбрзо напредува на патот кон членство во Европската Унија, со јасна цел да стане дел од ЕУ до 2030 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама нема да присуствува на Самитот за…
Албанскиот премиер Еди Рама нема да присуствува…
Вучиќ во Брисел на средби со Кошта,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ќе престојува…
Фон дер Лајен: Украина нема да биде…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…
ЕУ: Македонија сè уште не ги усвоила…
Македонија сè уште не ги усвоила потребните…
Мицкоски во Брисел на „Euronews Enlargement Summit“
Премиерот Христијан Мицкоски ќе земе учество на…