Фон дер Лајен: Украина нема да биде сама оваа зима

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече денеска дека ЕУ стои покрај Украина и дека е подговена да ѝ ја пружи неопходната помош за земјата да не мора сама да се соочува со претстојната зима.

„Украина нема да биде сама оваа зима. ЕУ стои покрај вас и нуди итна енергетска помош да ја поддржи Украина во претстојните месеци“, напиша Фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Таа додаде дека Европската комисија истовремено разгледува опции за обезбедување неопходна континуирана финансиска поддршка за Украина.

„Утре ќе го усвоиме нашиот  Пакет за проширување, во кој ќе биде истакната исклучителната посветеност на Украина во нејзиниот европски пат во текот на изминатите години“, наведе претстателката на ЕК.

Фон дер Лајен нагласи дека пораката на Комисијата е јасна, а тоа е дека Украина е подготвена да оди напред.

Руските напади на украинската инфраструктура се интензивираа претходните денови па затоа во Украина, според наводите на украинскиот јавен сервис Суспилне, на сила се големи прекини на струја и ограничување на капацитетот на дистрибуција на електрична енергија, а во неделата целокупната област Доњец остана без струја по руските напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…