Објавено на:

Рама: Секој што изгубил куќа во пожарите, ние ќе му ја изградиме бесплатно

t

По штетите предизвикани од пожарите во земјата, премиерот Еди Рама изјави дека секој што го изгубил својот дом, државата ќе го обнови бесплатно.

Од друга страна, земјоделците кои го загубија својот добиток исто така ќе бидат рефинансирани, вели Рама.

„Кој и да го изгибил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи. 

Проценката и надоместокот на штетите предизвикани од пожарите ќе се спроведуваат во секоја засегната општина, според посебна постапка, која започнува со нивна идентификација од страна на Групата за проценка за попис на штетите, утврден со наредба на градоначалникот. Ова го соопшти министерот за одбрана Пиро Венгу, како дообјаснување на мерката која ја пренесе Рама. 

„Оваа група врши попис на штетите врз домувањето, инфраструктурата, бизнисите, земјоделските култури, механичката опрема, социо-културните објекти и пополнува обрасци со финансиски трошоци. Потоа, општините подготвуваат списоци на оштетени субјекти и соодветна документација и по финансиската проценка на секоја општина, се утврдуваат трошоците за обештетување, кои се спроведуваат од средствата на засегнатата општина, преку фондот за цивилна заштита“, пишува Венгу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева…

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по…

Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти…

Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање…

Рама го пофали Курти за прифаќањето на…

Албанскиот премиер Еди Рама се огласи на…

Рама: Разочаран сум од ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, се чини не…

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…