Објавено на:

Рамзан Кадиров тврди: Пригожин покрена вооружен бунт поради својата ќерка

t

Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, се огласи по одлуката на лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин да стави крај на вооружениот бунт.

Кадиров тврди дека „огорченоста на Пригожин поради неуспешните деловни амбиции“ можела да доведе до крвопролевање.

– Мислев дека на некои луѓе може да им се верува и дека тие искрено ја сакаат својата татковина до срж како вистински патриоти, но се покажа дека заради лични амбиции и придобивки, односно ароганција, не можат да се грижат за наклонетоста и љубовта кон земја – рече Рамзан Кадиров на својот канал на Телеграм.

Тој наведува дека се обидувал да го смири Пригожин.

– Го повикав да ги напушти деловните амбиции и да не ги меша со прашања од национално значење. Мислев дека ме слушна, но излезе дека неговиот гнев само растеше цело време. Синџирот на неуспешни зделки предизвика длабоко вкоренето и долготрајно незадоволство кај бизнисменот, кое го достигна својот врв кога властите во Санкт Петербург не ѝ ја дадоа на ќерка му посакуваната земја. Ароганцијата на еден човек може да доведе до такви опасни последици и да вовлече голем број луѓе во конфликт – вели Кадиров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…