Раскинат е договорот со фирмата која го градеше далноводот до Албанија: Поставила 24 од вкупно 269 темели за 4 години
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, кој беше изведувач на изградбата на 400 киловолтниот далновод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница, информираат од АД МЕПСО.
-До неодложно раскинување на договорот доведе неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот и барањата на изведувачот за дополнителни плаќања поради значителното зголемување на трошоците за материјали и услуги. Тоа доведе до неможност за постигнување согласност меѓу двете страни. Договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, беше склучен на 7 февруари 2020 година, со рок за завршување од 30 месеци. Рокот истече на 30.05.2023 година, посочуваат од МЕПСО.
Во овој период, како што нагласуваат, изведувачот неколку пати го напушташе градилиштето, барајќи дополнително плаќање, што беше одбиено од АД МЕПСО заради типот на договорот, клуч на рака.
-И покрај повеќекратните напори на АД МЕПСО за усогласување и преговарање, договор не беше постигнат. Затоа, АД МЕПСО ја донесе неопходната одлука за раскинување на договорот. Од започнување на проектот досега се реализирани 24 од планираните 269 фундаменти за столбови или 8,9 отсто, а доставени се 51,2 отсто од опремата. Имајќи ја во предвид настаната ситуација, слабата динамика, напуштањето на работата, цениме дека раскинот на овој договор, всушност претставува почеток на завршување на овој проект кој претставува врвен приоритет за АД МЕПСО и Владата, велат од електропреносниот систем оператор.
Порачуваат дека останувааат посветени на завршувањето на 400 киловолтната интерконекција со Албанија и дека веќе започна подготовки за рестартирање на проектот.
-Друштвото ќе иницира нова тендерска постапка според насоките на ЕБОР за избор на нов изведувач кој ќе продолжи со изградбата. Успешната реализација на оваа интерконекција останува приоритет за АД МЕПСО, бидејќи ќе ја зајакне регионалната енергетска стабилност и интеграција, со значителни придобивки за Северна Македонија, Албанија и регионот во целина, нагласуваат од АД МЕПСО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Нова тепачка во албанскиот парламент
Ден пред заедничката седница на парламентите на…
Грција е „чувар на европската траекторија на…
Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…
Владата ќе го раскине 17 милиони евра…
Владата планира да го раскине договорот со…