РАСПРАВАТА ЗАВРШИ ЗА СПЕЦИЈАЛНИОТ ЗАКОН ЗА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Власта немаше 61 пратеник во собранието да ги гласа измените
Собранието во рамките на денешното продолжение на 115-тата седница го заврши општиот претрес по Предлог-законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола), по скратена постапка, кој е последен од петте измени на закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“. Гласањето дополнително ќе биде одредено.
Претходно во своето обраќање во расправата Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ праша како е возможно договорот за реализација на автопатите од коридорот 8 и 10д да го добие Антикорупциската комисија, а не можат да го видат пратениците кои треба да гласаат за законските измени потребни за нивна реализација. Порача дека никој не знае какви меѓународни правила на изградба ќе има овој договор за коридорите.
– Договорот е скриен и не може да се види дали има пресметка или не. Власта сака да го суспендира законот за градење, целата фела е против, коморите се против, сите бараат јавна дебата, а Владата бега од дебата за коридорите. Ова не е добро бидејќи поминуваат со европско знаменце и во иднина секоја влада на тој начин ќе може да помине било кој закон – рече Мисајловски.
Посочи дека е за изградба на автопати, но е против носење на закони спротивни на Уставот.
Здравко Трајанов од истата партија рече дека цената за изградба на овие автопати е екстремно висока и е повисока од сите досегашни искуства во земјава и во околните држави.
– Цената за изградба на коридорите во ниту една ситуација нема да биде пониска од сегашната. При тоа цената не претставува клуч на рака и е отворена што покажува дека во иднина ќе расте. Покрај тоа, државата ќе плати многу дополнителни трошоци со земање на поскапи кредити, што ќе значи минимум уште една милијарда дополнителни импликации во Буџетот. На крајот цената за овој проект со другите дополнителни трошоци ќе изнесува помеѓу 2,8 и три милијарди евра што се премногу пари за 110 километри автопат од кои 50 отсто се постојни патишта кои малку треба да се прошират и се во рамничарски крај – рече Трајанов.
Борислав Крмов од Левица посочи дека истата фирма ќе го гради моравскиот автопат во Србија кој исто така е долг 110 километри, но за многу пониска цена отколку кај нас.
– Таму истиот конзорциум „Бехтел и Енка“ има договор од 745 милиони евра или за 540 милиони евра помалку отколку кај нас за ист број на километри. Договорот кај нив е јавен – рече Крмов.
Порача дека станува збор за сомнителен козорциум, особоено во американскиот дел, и додаде дека во 2014 година извршниот директор на „Бехтел“ бил осуден од судот во Њујорк за мито од 5,2 милиони евра за местење на тендер во Египет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Инфомакс на лице место во Ченто…
Вечерва имаше пукање во Ченто во Скопје…
ЕКСКЛУЗИВНО: ПУКАЊЕ ВЕЧЕРВА ВО ЧЕНТО, ЕДНО ЛИЦЕ…
Пукање вечерва ги потресе жителите на Ченто,…
(Видео) ПОТОП ВО ЦРНА ГОРА: Туристите „пливаат“…
Црна Гора се соочи со силно невреме…
СЕ УКИНУВА ВТОРАТА СМЕНА? Од први септември…
Од први септември 124 основни и средни…
(Видео) Ангелов: Засега можеме да здивнеме
Благодарение на дождот што вчера во попладневните…