Расте просечната плата во Србија: Повеќе од половина Срби земаат плата над 30.000 денари

t

Просечната плата во соседна Србија за месец декември 2022 година достигнала 84.227 динари, или 42.113 денари. 

Како што соопштуваат од тамошните институции, во однос на истиот месец од претходната година, просечната нето плата е повисока за 12,9 отсто, но реално е пониска за 1,9 отсто.

Соседите пресметуваат и медијална плата, која за декември 2022 година изнесува 60.413 динари (30 илјади денари), што значи дека 50 од вработените оствариле заработка до тој износ. 

– Податоците за медијалната заработувачка покажуваат дека повеќе од половина од вработените во Србија примаат плата значително пониска од националниот просек – пишува српски „Данас“.

Просечната плата во јавниот сектор била помала од 79.500 динари. Во приватниот сектор, просекот достигна 86.162 динари. Најниската плата е за претприемачите и изнесува нешто повеќе од 41.000 динари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Тројца уапсени во Србија по пад на…

Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…