Растот од 2,8% ја покажува агилноста на домашната економија, вели Битиќи
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи информира дека БДП во вториот квартал на 2022 е со стапка на раст од 2,8%, што според него ја покажува агилноста на домашната економија.
-Некој може ќе рече дека ова не е мал раст, но ако се земе предвид целиот екононски контекст во кој бизнисот се уште работи во објективно тешки услови предизвикани од скапата енергија, влијанието на воените дејствија во Украина, и да не ја заборавиме здравствената криза која се уште силно влијае врз светските синџири на снабдување, овој раст ја покажува агилноста на домашната економија, соопшти Битиќи.
Вицепремиерот потенцира дека позитивен индикатор е што и во вака отежнати услови во економијата, нашата преработувачка индустрија забележува раст од 1,5% и покажува дека има капацитет и знаење како да се справи со сите предизвици и непредвидливи ситуации со кои се соочува изминатиот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…
Заедништвото е клучната порака која во наследство…
Битиќи твpди: Пocкапувањето на стpyjaта нема да…
Нема да има рестрикции на струја по…