Расчистен напад врз новинар – МВР го фати напаѓачот на Маријан Стаменковски – Доказ

t

Во полицискиот билтен е наведено дека на 5 април годинава во Карпош, Г.М. со тврд предмет физички го нападнал 44-годишниот М.С. со живеалиште во Скопје, а за кој медиумите објавија дека е Маријан Стаменковски, сопственикот на порталот Доказ-М.

Утрово во 10 часот приведен е 35-годишнипт скопјанец Г.М. поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, назниво по член 386 од Кривичниот законик, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во полицискиот билтен е наведено дека на 5 април годинава во Карпош, Г.М. со тврд предмет физички го нападнал 44-годишниот М.С. со живеалиште во Скопје, а за кој медиумите објавија дека е Маријан Стаменковски, сопственикот на порталот Доказ-М.

„На 5 април, околу 15 часот, Г.М. со твд предмет од зад грб извршил физички напад врз новинар-сопственик на портлот Доказ-М, кој во тој момент бил со неговиот малолетен син. Откако насилникот неколкупати со тврда палка му задал удари, со трчање побегнал во неговото возило и се одалечил од местото на настанот. Веднаш по добиената пријава од новинарот М.С. македонската полиција веднаш го вклучила Одделението за насилен криминал трговија со луѓе и посредување во вршење на проституција во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, кое за краток временски период во соработка со ЈО Скопје ги обезбдило сите снимки од надзорните камери во реонот каде било извршен кривичното дело“, наведено е во соопштението.

За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Плус Инфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ