Раул Гонзалез ќе биде новиот селектор на Србија
Репрезентацијата на Србија вчера за првпат во својата ракометна историја претрпе пораз од селекцијата на Италија во квалификациите за Европското првенство (30-31), а во српската јавност веќе одреден период се шпекулира за селекторска смена.
Поразот од Италија е дополнителна причина да се пишува за смена на сегашниот селектор „Борис Ројевиоќ“, но како што пренесува „Моцартспорт“ уште пред дуелот со Италијанците во Ракометниот сојуз на Србија се воделе преговори и тоа со поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес.
Шпанскиот стратег кој на Вардар му ја донесе европската титула во 2017 година викендов како што се открива бил на преговори во српската престолнина, а сето тоа го дознале и членовите на репрезентацијата и тоа на еден необичен начин.
Наводно, Раул со делегацијата на српската репрезентација се сретнал на српскиот аеродром каде што селекцијата се подготвувала за летот во Рим, додека Шпанецот се враќал во Париз.
Премали се шансите Раул да бил во случајна посета на Србија и во јавноста се убедени дека се водат преговори. Според информациите планот на Ракометниот сојуз на Србија е Раул да пристигне по истекот на неговиот договор со ПСЖ во јуни 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…