Рашковски се налути на УМС: Додека вие делите мекици, има уште две нови жртви во сообраќајни несреќи
Семејството на поранешниот генсек на Владата, Драги Рашковски иронично им се заблагодари на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за делењето мекици на плоштадот „Македонија“, за како што рекоа, „да му помогнат на поранешниот функционер сега кога неговите приходи се сигурно намалени“.
– Навистина сте се потрудиле да бидете забавни и со високо ниво на сатиричност со спроведувањето на вашата акција, но додека Вие си играте со мојот и угледот на мојата фамилија и за времетраењето на вашата акција, на неколку метри од Вашиот перформанс, во тој период својот живот во сообраќајни незгоди го изгубија две лица. Додека Вие правите перформанси за забава, нашата земја за жал се уште сме на врвот на листата по број на жртви од сообраќајни незгоди. Вие подлегнувате на ниски страсти и недостоинствена политика од која никој нема никаква корист, вели Рашковски преку соопштение од семејството до јавноста.
Тој ја повика младината на најголемата опозициска партија да присутвува на секое судење за лично да се уверат дека во неговото работење нема ниту едно криминално дејствие и дека ниту еден денар пари на граѓаните не се злоупотребени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СКАНДАЛ: Девојки морале да „пијат кафе“ со…
КОЈ БИ ПУШТИЛ ДЕТЕ ВО УМС ЗА…
(Видео) Јанески: Младите да не се лажат…
Младината на Левица и Левица како партија…
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ давале по 50 евра за…
Поранешен претседател на УМС во Струга му…
Ни едно македонско знаме, или знаме на…
Членот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристиан Јандриоски, на Фејсбук…
Не ги вработувале од партија, затоа младите…
Во Франција деновиве има големи протести поради…