Реакции за казната на Крмов: Во парламентот јадете бифтек за 90 денари, а скршен монитор на 5000 евра го проценивте

t

Македонската јавност со многу коментари го дочека неодамнешното на моменти агресивно однесување на пратеникот од „Левица“ Борислав Крмов во парламентот. Сега, со многу коментари ја дочека и објавата дека тој мора да плати 9.600 евра за кршење на монитор и микрофон на пултот на претседавачот на Собранието.

На социјалните мрежи многумина прашуваат дали мониторите биле златни, а имаше и конкретни забелешки на проценката за штетата.

-У скупштина јадете бифтек за 90 денари, монитор 5.000 еур го проценувате. Ве покварија тендерите, осет изгубивте, напиша еден граѓанин.

Имаше и лица кои велат; „никој не треба да биде недопирлив, независно на партија и фукција што ја има“.

Реакција има и од лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев:

– 500 навивачи на Артан Груби го демолираа МНТ – штета 4.000 ЕУР. Еден пратеник на Левица искрши четири монитори – штета 9.600 ЕУР!? Ауууу, јеботе. Де кажвајте ако биле златни, не сме знаеле, напиша Апасиев на Фејсбук.

Инаку дека на Борислав Крмов му била изречена толку висока казна соошти претседателот на Собранието Талат Џафери на средба на новинарите, но детално не се кажа на колку е проценет скршениот монитор, а на колку микрофон, и што друго е скршено за да се дојде до вака високата сума.

За потсетување: Минатиот понеделник, револтиран од тоа што Собранието набрзинка ги отфрли многуте амандмани на Левица поднесени во однос на измените на Деловникот, пратеникот Крмов, барајќи да се прекине седницата, го искрши мониторот од компјутерот на пултот, а ги откорна и микрофоните.

Подоцна, Крмов, во телевизиско гостување, рече дека сметката може да му биде пратена и оти тој ќе ја плати, но според него штетата од процесот со кој се укина парламентарна демократија и се газеа амандмани на пратеник – е неповратна.

По инцидентот Апасиев изјави дека бројни граѓани се јавувале во партијата и биле подготвени да донираат парични средства со цел да се плати штетата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…

Повторно се создава паралелна власт во институциите,…

Крмов: Левица наскоро ќе поднесе интерпелација за…

Левица наскоро ќе ја поднесе интерпелацијата за…