Реакција на Русија за авионите Ф-16 за Украина: Западот се изложува на „колоасални ризици“
Западните земји ќе се изложат на „колосални ризици“ доколку ѝ снабдат на Украина борбени авиони Ф-16, ја цитира руската новинска агенција ТАСС денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.
Грушко одговараше на прашање за импликациите од испраќањето млазни авиони, кои Украина ги бара од земјите-членки на НАТО.
Киев сè уште нема обезбедено ветување дека ќе ги добие авионите, но американскиот претседател Џо Бајден вчера им рече на лидерите на Г7 дека Вашингтон ги поддржува програмите за обука на украински пилоти на авиони Ф-16, изјавија високи американски претставници.
„Гледаме дека западните земји продолжуваат да се придржуваат до сценариото за ескалација. Тоа вклучува колосални ризици за нив“, рече Грушко.
„Во секој случај, тоа ќе биде земено предвид во сите наши планови и ги имаме сите потребни средства за да ги постигнеме целите што си ги поставивме“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…