Регистрирани 127 нови случаи на коронавирус

t

Во последните 24 часа направени се 1 908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.

Новите случаи се во: Скопје – 57, Битола – 24, Охрид – 7, Прилеп и Велес – по 5, Струга, Берово и Валандово – по 4, Кавадарци и Кичево – по 3, Куманово и Струмица – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани се 123 оздравени пациенти од: Скопје – 68, Битола – 19, Струмица – 7, Кавадарци и Гостивар – по 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Прилеп, Кичево и Гевгелија – по 2, Куманово, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш и Виница – по 1.

Во денешниот ковид-извештај влегуваат и две починати лица кои биле со дијагноза ковид-19. Едното лице било од Скопје (82г), а другото од Охрид (91г). Едниот пациент починал во домашни, а другиот во болнички услови на 2 односно 12 април годинава.

Активни се 802 случаи: Повеќе од половина во Скопје
бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308 878, бројот на оздравени пациенти е 298 811, на починати е 9 265, а бројот на активни случаи изнесува 802.

Состојбата по градови е следна:

Скопје 145 163, Активни 431
Куманово 16 613, Активни 9
Битола 15 170, Активни 126
Прилеп 14 117, Активни 37
Тетово 13 445, Активни 13
Кавадарци 10 607, Активни 23
Велес 9 747, Активни 31
Гостивар 9 571, Активни 15
Охрид 8 821, Активни 25
Струмица 8 046, Активни 15
Штип 8 002, Активни 14
Кичево 5 602, Активни 7
Кочани 5 070, Активни 2
Струга 4 715, Активни 8
Гевгелија 4 397, Активни 5
Неготино 3 674, Активни 7
Ресен 2 711, Активни 2
Свети Николе 2 624, Активни 1
Радовиш 2 527, Активни 6
Крива Паланка 2 413, Активни 0
Делчево 1 971, Активни 5
Дебар 1 673, Активни 0
Берово 1 646, Активни 8
Валандово 1 485, Активни 5
Виница 1 386, Активни 1
Пробиштип 1 265, Активни 1
Богданци 1 019, Активни 0
Кратово 962, Активни 0
Крушево 926, Активни 1
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 592, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 345, Активни 0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…