Регистрирани 18 cмртни случаи од омикрон во Данска

t

Во Данска 18 лица починаа како резултат на инфекција со сојот на коронавирусот омикрон, објавија медиумите, повикувајќи се на податоци од Институтот „Стејтенс“.

Според мрежата ТВ2, ова е првпат Институтот да го објави бројот на починати од омикрон.

Во периодот од 21 ноември до 28 декември се регистрирани 56.000 случаи на сој омикрон.

Во истиот период, другите соеви на вирусот однесоа вкупно 100 животи.

Видот омикрон првпат беше откриен во Данска кон крајот на ноември, но стапката на хоспитализација е двојно помала од видот делта.

Во Данска досега се потврдени повеќе од 840.000 случаи на инфекција со коронавирус, додека повеќе од 3.000 луѓе починале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на заболени од Ковид во…

Од 29 јули до 4 август во…

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…