РЕКОРД: Мистер Бин се развел за само 65 секунди
Роуан Аткинсон (68), британски комичар и актер, е препознатлив по улогите на Мистер Бин и Црна гуја од истоимената серија која ја одбележа неговата кариера.
Но, освен по талентот, последниве години е познат и по приватниот живот, кој се обидуваше вешто да го сокрие од јавноста. За почеток, тука е неговиот развод.
И покрај тоа што тој сè уште е омилен комичар од различни генерации, неговиот живот дефинитивно не е толку смешен.
Комичарот се ожени за Сунетра Састра во 1990 година, а се запознале во доцните 80-ти кога таа работела како шминкерка на телевизијата Би-Би-Си.
Тие имаат две деца Бен и Лили, а нивната разделба беше повеќе од турбулентна.
Всушност, Роуан ја остави сопругата во 2014 година за друга жена, актерката Луиз Форд. Скандалот бил уште поголем, бидејќи споменатата актерка е 26 години помлада од него.
– Сунетра беше длабоко вознемирена бидејќи беше заменета со толку помлада жена – изјавил тогаш непознат извор за Sun.
После тоа тие брзо се разведоа, рочиштето траеше само 65 секунди, а разводот беше потврден од судот врз основа на наводното „неразумно однесување“ на Аткинсон, иако пред судот не беа наведени примери за тоа. На рочиштето не присуствуваа ниту Роуан, ниту Сунетра, кои поднеле барање за развод.
Неговата ќерка Лили толку многу му замерила на својот татко што ја оставил мајка си, а колку била повредена говори и фактот што решила на драстичен чекор и го сменила презимето од Аткинсон во Састра, презимето на нејзината мајка.
Интересно е што Лили тргна по стапките на својот татко и покрај тоа што не сака да се изложува на медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем инцидент во затворот во Шутка: Претепани…
Како што дознавам Инфомакс денеска во затворот…
Каталонската полиција го пребарува Парламентот и околината…
Каталонската полиција, во обид да го спречи…
Галант: Либан може да плати висока цена…
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече…
Таткото на Александар се сомнева дека син…
Родителите на Александар Глигоријевиќ (26) од Србија…
Власта не се откажува од 78% повисоки…
Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се подобри…