Објавено на:

Рестрикции во водоснабдувањето во Тетово во текот на утрешниот ден

t

Од вечерва Јавното комунално претпријатие „Тетово“ воведува рестрикции во водоснабдувањето, за што тврдат дека се потребни поради загадување на водата што доаѓа од новиот водоснабдителен систем од Лешичка Река.

Според нивната информација, до загадување на водата што доаѓа од изворот на Лешница е поради обилните врнежи дожд и затоа тој водоснабдителен систем е исклучен од мрежата.

– Количеството на вода што доаѓа од другите извори и бунарите е 260 литри во секунда, количество што не е доволно за нормално снабдување на сите граѓани. Поради тоа, претпријатието одлучи од 23:00 до 03:00 часот да има рестрикција на вода. Оваа информација ќе важи се додека анализата на водата од изворот на Лешница не ни покаже дека водата е чиста и ги исполнува условите да биде пуштена во употреба од граѓаните, се вели во известувањето на ЈКП „Тетово“.

Годинава рестрикции во Тетово имаше и во јануари, но граѓани од многу делови на градот велат дека постојано се соочуваат со прекини во водоснабдувањето

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за четири физички и едно правно…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Прегазен 82-годишен маж во Тетово

На 05.12.2024 во 20.50 часот во СВР…

Претрес во Тетово – пронајдена дрога

На 30.10.2024 околу 12 часот во Тетово,…

Голема акција на ОЈО во Тетово и…

Под раководство на јавен обвинител од Основното…

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

На 12.10.2024 во 17.40 часот во Тетово,…