Ретроспективна изложба “Робусен ликовен лиризам“ на уметникот Владимир Темков – Шефе

t

Кавадарци – град на културата
Ретроспективна изложба “Робусен ликовен лиризам“ на уметникот Владимир Темков – Шефе

Во среда, 12 април, 2023г. во Кавадарци ќе се случува култура. Култура во вистинска смисла на зборот. Ликовна изложба на Владимир Темков – Шефе, пропратена со музичка забава во изведба на групата “Бадасел“ и драмска танцова претстава “Синг“ , во изведба на балетското студио “Венис“ и балетскиот оддел при ОМБУ “Лазо Мицов Рале“.
Ликовната изложба на Темков, ретроспективна 45 години ликовно творештво и 64 години живот ќе биде реализирана во два дела. Првиот во галеријата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“, во 19: 30 часот, а вториот дел во ќе се одвива во Музеј галеријата Кавадарци, во 20:30 часот. Првоиот дел од изложбата ќе ја отворат, поздрават и ќе говорат на истата, Академик Блажо Боев, градоначалникот на Кавадарци Д-р Митко Јанчев и директорот на Домот на културата, Јулијана Туриманџова. Вториот дел од изложбата ќе го отвори Томе Крстев, директор на Музеј галерија, а за авторот и неговото творештво ќе зборуват Трајче Цветков, историчар на уметноста и Билјана Галабова, кустос.
Изложбата на Темков е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци.
Уметникот Темков годинава ретроспективни изложби ќе има и во Њујорк, на 25 април, Скопје, 30 мај, Истамбул, 17 јуни, Белград, 8 август и Солун, 24 септември.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…