Речиси сите функционери се пуштени дома, во притвор останаа само членовите на обезбедувањето на дискотеката во Кочани!

t

Речиси сите функционери се пуштени дома, во притвор останаа само членовите на обезбедувањето на дискотеката во Кочани!

Во притвор остануваат припадниците на обезбедувањето на дискотеката Пулс, на кои и беше определен ефективен притвор уште на почетокот на истрагата за трагедијата во Кочани. Во притвор останува и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.

Денеска беше укината мерката ефективен притвор и заменета со куќен притвор за поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов. Двајцата поранешни градоначалници Николчо Илијев и Ратко Димитроски беа во куќен притвор од претходно.

Со мерки за претпазливост од притвор ослободени беа и сите полициски службеници осомничени за трагедијата, како и поранешни директори на ДПИ и ДЗС, исто и инспектори од институции.

Актуелни функционери осомничени за трагедијата речиси и да нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…