Ристески: Грабежот на ЕВН треба да престане

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) денеска на прес конференција испратија апел до Владата и до Министерството за енергетика да преземат мерки за високите сметки за електрична енергија од страна на ЕВН.
Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески потенцираше дека до нив секојдневно пристигнат поплаки од граѓани кои се жалат на високи сметки и ненавремено читање на броилата од страна на службени лица на ЕВН.
“Грабежот на ЕВН треба да престане. Размислуваме што да преземеме – дали ќе организираме протести, дали ќе почнеме да собираме потписи за одземање лиценца, ќе видиме. Сметка отпечатена на еден датум, а корисникот ја добива на крај на месецот и мора да плаќа камати. Одговорот на ЕВН е дека вината е во поштарот, а не кај нив,, потенцира Ристески.
За барањето на синдикати за згоемување на минималната плата која во март треба да се усогласи, Ристески потенцира дека мора да се зголемат платите затоа што во спротивно квалитетните работници ќе заминат од државата.
,,Факт е дека сме оставени да разговараме со работодавачите за зголемување на минималецот. Работодавачите немаат намера да попуштат. Пари имаат, а не сакаат да даваат. Мора да ги дадат бидејќи квалитетните работници ќе си заминат од државата. Владата може да биде приморана да ја зголеми минималната плата, доколку не се договориме со работодавачите. Нема закажано седница на Социо-економскиот совет засега” нагласи Ристески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Прирачник) Како да направиш будала од ЕВН…
Вреди да се прослави во кафана откако…
Без струја дел од општина Карпош
Делови од општиниtа Карпош денеска, во различни…
Радовишани ем плаќаат, ем немаат струја –…
Подолг период жителите на Радовиш се соочуваат…
ЕВН појаснува: Надоместокот за пренос и дистрибуција…
Во интерес на точно и правилно информирање…
Тортевски: Не ви беше чудно што ЕВН…
Не ви беше чудно што ЕВН редовно…